Првпат по 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм

Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител“, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм.

Како што информира директорката на Домот на културата, Ана Марија Теохарова, ова е поттик во градот повторно да заживее кинопроекцијата.

„Ова е прво прикажување игран филм во Домот на култура „Јане Сандански” по речиси 10 години. Се надеваме дека ќе биде полн погодок особено за младите и љубителите на филмот кои досега за кино проекции мораа да патуваат во главниот град и со тоа да ги задоволат своите филмски апетити“, рече Теохарова.

Премиерата на „Исцелител” во Пехчево е закажана за 4 јануари.

Теохарова која од неодамна е нов директор на Домот на култура, најави поголем број културни активности и враќање на дел од манифестациите кои на времето беа препознатливи за Пехчево. Ги повика младите да ги достават своите предлози, иницијативи, идеи и предлози со што ќе придонесат за збогатување на културниот живот во градот.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе