Првиот филм на 5+ фамилија „Тајниот изум“ на фестивал во Минхен

Детскиот ТВ филм на 5+ фамилија „Тајниот изум“ во режија на Дина Дума, а по сценарио на Билјана Црвенковска, ќе учествува на фестивалот Prix Jeunesse International 2022 во Минхен (Германија), како дел од програмата насловена Quality In Children’s TV Worldwide.

Prix Jeunesse е најстариот фестивал за квалитетна детска програма во светот, кој на секои две години ги селектира и наградува најдобрите телевизиски проекти за деца од сите возрасти низ целиот свет, а на кој учествуваат најголемите светски продукции кои создаваат детска ТВ програма.

„Тајниот изум“ е филм за другарството, но и за неверојатните моќи на науката, која може да ја оживее детската фантазија, а дури и да работи во корист на другарството, особено ако имаш другар научник кој знае да прави чуда.

5+ фамилија од детска контактна емисија во живо, прерасна во играна ТВ серија со цели 6 сезони, продуцирани на македонски и на албански јазик, истовремено развивајќи се во поширока мултимедијална платформа „за растење на деца и родители“.

Во изминатите 15 години, под етикетата 5+ продуцирани се над 200 епизоди, кратки анимирани филмови, едукативни сликовници и други материјали дистрибуирани низ училиштата во Македонија, а проследени со обуки за наставниот кадар, но и бесплатно достапни во дигитална и интерактивна форма.

Популарниот 5+ бенд пак, музичката група на јунаците од серијата, зад себе има повеќе од 100 одржани концерти и над 50 продуцирани песни. ОХО по шести пат е дел од програмата на Prix Jeunesse International како единствената продукција од регионот која со своја оригинална програма учествува на овој голем фестивал, каде во 2016 година доби специјална номинација “In the name of UNESCO” за краткиот анимиран филм „Прасето кое сакаше да биде птица“, во режија на Елеонора Велинова.

Детскиот ТВ филм „Тајниот изум“ на 5+ ФАМИЛИЈА во ко-продукција на ОХО и МРТ и достапен е за стриминг на платформата GLEY.TV.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе