ДЕБАТНО КИНО

Првата проекција во 2017 година на Контра кадар Скопје ќе се одржи во СЦ „Дуња“

Контра кадар Скопје новата година ќе ја почне со проекција во вторник, 10 јануари, во Социјалниот центар „Дуња“, додека по празниците дебатното кино ќе се врати во својот редовен понеделничен термин.

Со почеток од 19 часот ќе има проекција на филмот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) на еден од највлијателните ликови во филмот, или поточно од ерата на немиот филм, Чарли Чаплин. По филмот ќе следи отворена дискусија.

Дебатно кино „Контра кадар“ – Скопје е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува. Филмот служи како референтна точка за дискусиите, но заедничката рефлексија на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план.

Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена, а дебатниот формат не е фискен, иако има некакви контури кои ја гарантираат можноста за еднакво и целисходно учество во дискусијата на сите присутни. Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе