Прва клапа на играниот филм „Емил врати се“ на Илија Павлов

Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов – „Емил врати се“ почнува денеска, во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“.

Илија Павлов

Според режисерот Павлов, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел, како што вели, да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.

Во главните улоги во филмот играат актерите Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други ликови од државава.

Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој Павлов е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе