Прва изведба на „Актер-човек“ на Интернационалниот театар во Приштина

Алтернативниот театарски перформанс „Актер човек“, што една година е активен во Скопје, од 19 декември ќе биде на редовниот репертоар на Интернационалниот театар во Приштина „Фарук Беголи”. Публика ќе има можност да ја гледа претставата еднаш месечно.

Актерите ќе играат на англиски јазик, но и на својот мајчин јазик. Како што соопштуваат организаторите, ова е првиот алтернативен проект што станува дел од репертоарот на институција која е вон нашата држава.

„Актер човек“ беше дел од фестивалот на камерна драма „Ристо Шишков”, каде ја освои наградата на НЕТА за Истражување на тајните на актерското мајсторство. На интернационалното гостување во Словенија во Постојна ја освои наградата за најдобар алтернативен перформанс, а на Интернационалниот фестивал во Приштина, Томе Станковски ја доби наградата за најдобро актерско остварување, се наведува во соопштението на театарскиот перформанс.

Автор и режисер на претставата е Теа Беговска. Играат Томе Станковски, Теа Беговска и Даријан Петров, а автор на музиката е Енес Беговски. 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе