Пристигна трејлерот

Прв поглед во магичниот свет на „Зоки Поки“ (ВИДЕО)

Екранизацијата на „Зоки Поки" со нетрпение ја очекуваат и децата и возрасните, а по новообјавениот трејлер, дефинитивно има зошто.

Првиот поглед на серијата, чија премиера е закажана за 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ, открива магичен свет кој е визуелно спектакуларен и полн со емоции.

Почетните кадри се резервирани за запознавање со Зоки Поки (Матеј Настевски) и неговата дружина сочинета од Лидија „Лидиди“ (Анастасија Аневска), Боки „Бокимен“ (Матео Матoски) и Гоки „Горила“ (Матеј Зимбаков). Тука е и семејството на Зоки: Сашко Коцев во улога на таткото Филип, Даниела Иваноска во улога на мајката Ивана и Сабина Ајрула-Тозија, односно бабата Оле.

Следат низа сцени исполнети со многу смеа, малку страв, но и дружба, маскирање, играње, вежбање паралелно со јадење, восхит, истражување, учење, гушкање, криенка, љубов, сништа и бујна фантазија. 

По премиерата на 4 мај, десетте епизоди од серијата ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата и на официјалниот YouTube канал.

Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија..

Главен спонзор на серијата е Витаминка, а останати спонзори се вода Ладна, Пакомак, Арс Ламина, Литература.мк и Сетек.

Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, а костимографијата на Жаклина Крстевска. Композитор на музика е Александар Пејовски, на песни Александар Митевски, а на музиката за најавната шпица - Игор Василев-Новоградска. 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе