Промоција на книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски

Промоција на книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски ќе се одржи вечер во дворот на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Книгата, која е во издание на ФДУ, ја приредија Јелена Цветановска и Андреј Цветановски, а дизајнот е на Сергеј Светозарев.

„Театарските белешки“ се избор на ракописи од Дневникот на Владо Цветановски, во кој се втиснати неговите размисли, слики и емоции кои го пресретнувале во потрагата по театарската вистина.

„Тие овозможуваат продлабочен увид во дел од богатиот творечки опус на Владо Цветановски и неговите истражувања на театарскиот јазик. Во таа смисла, книгата е значајна и за проучувања на македонската театрологија, како и за историјата на македонскиот театар. Едновремено, белешките, навлегувајќи во сите фази од создавањето на театарската претстава, претставуваат и своевиден патоказ за студентите по театарска уметност, кој може да им биде од полза во процесот на подготвување за нивните професии во областа на театарот“, наведува приредувачот на делото.

Книгата ќе ја промовираат проф. Мими Таневска-Србиновска, декан на ФДУ и ликовниот уметник и сценограф, Владо Ѓорески-Рафик, кои се автори на предговорот и поговорот на „Театарски белешки“.

На промоцијата, извадоци од книгата ќе чита актерот Дамјан Цветановски, а ќе биде прикажан и документарниот филм за Владо Цветановски, во режија на Андреј Цветановски.

Владо Цветановски (1959-2012) дипломирал интермедијална режија на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на проф. Боро Драшковиќ. Долги години работел како професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности-Скопје. Има режирано околу педесет претстави во македонските театри и на просторите на поранешна Југославија – во Белград, Нови Сад, Сараево, но, и  во Софијја, Париз, Петроград, Каиро, Кан.. Неговите претстави учествувале на сите позначајни фестивали (Стеријино позорје, МЕСС, Војдан Чернодрински, Ристо Шишков), каде има освоено бројни награди. Се занимавал и со филмска режија. Во продукција на МРТ има реализирано неколку документарни филмови посветени на македонските традиционални обележја, а режисер е и на играниот филм „Тајната книга“, кој е прикажан на повеќе меѓународни филмски фестивали.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе