Во Куманово

Промоција на етнолошкиот филм „Мека душа за тврдо железо“

Кумановци вечерва ќе имаат можност да го видат етнолошкиот документарен филм „Мека душа за тврдо железо“ од авторките, етнолози во кумановскиот музеј, Надица Петковиќ и Валентина Илиевска.


Фимот ќе биде прикажан во Занаетчискиот дом со почеток во 19:30 часот, а кумановци ќе ги проследат животните приказни на неколкуте ковачи кои останаа во градот.

„И овој занает веќе е во изумирање, останаа неколкумина ковачи во градот. Извршено е истражувањето во зимскиот период кога и го снимивме фимот. Ова е еден начин да се сочува од заборав и ова наше културно етнолошко богатство“, изјавија авторките Илиевска и Петковиќ.

Во Куманово има  неколкумина ковачи, кои во филмот ги несебично го споделуваат процесот на ковачкиот занает, нивните приказни како станале мајстори. Најголем дел од нив  го наследиле занаетот од нивните предци, но за жал, велат авторките, веќе нема кому да му го пренесат знаењето, освен кај еден ковач кај кого има чирак. Дел од нив едвај  преживуваат со острење на понекоја секира или нож.

Фимот трае петнаесет минути, а го снимаше и монтираше  Александар Гелевски во продукција на ТВ Плус. Промоцијата е дел од европските денови на културното наследство, по повод 500 години Куманово и се реализира во рамки на манифестацијата Куманово-Град на културата 2019. Промотор на  филмот ќе биде м-р Славица Христова, советник етнолог во Музеј на град Скопје.

Филмот, најавија авторките, ќе биде прикажан и на другите фестивали низ државата и надвор од неа.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе