Промоција на дигитално реставрираните филмови на режисерот Ценевски

Кинотеката денеска напладне ќе промовира ДВД-издание на дигитално реставрираните играни филмови на режисерот Кирил Ценевски – „Црно семе", „Јад", „Оловна бригада" и „Јазол".

„Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, „Црно семе“, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали“, соопшти Кинотеката.

На промоцијата ќе присуствуваат и познатиот српски актер со македонско потекло Лазар Ристовски и македонската актерка од Хрватска Костадинка Велковска.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе