Прокредит банка по 14-ти пат го поддржува фестивалот на Новиот германски филм

Како единствена германска банка во Македонија, Прокредит банка и оваа година по 14-ти пат ја поддржува организацијата на фестивалот на Новиот германски филм. Традиционално, веќе 14 години, овој фестивал им ја приближува германската култура и јазик на македонските љубители на филмот и овозможува богатување на репертуарите на филмови во кината низ земјата.

Оваа година, фестивалот ќе биде отворен, во четврток, на 2 мај со комедијата „100 работи” која обработува модерна тема за материјалниот свет на денешницата. По отворањето, фестивалот на Новиот германски филм ќе продолжи од 3 до 6 мај во Скопје, со емитување на филмовите во Кино Фросина, а потоа традиционално ќе патува во кино салите ширум земјата: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

Како и секоја година, така и овој пат, фестивалот нуди разновиден репертоар на современи филмови од Германија, презентирајќи и́ на македонската публика драма, трагикомедија и комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови и дел од нив имаат постигнато огромен успех на светски филмски фестивали, а еден од избраните беше номиниран и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижниот Берлинале.

За прв пат, оваа година на германскиот филмски фестивалот ќе присуствуваат и претставници од светот на филмот и тоа Хајнц Херманс (Heinz Hermanns), директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и Алета вон Фитингхоф (Aletta von Vietinghoff), позната филмска монтажерка од Берлин. Овие експерти ќе имаат предавања и ќе одржат работилници со студентите по  филмска уметност низ земјата.

http://fngf.mk/demo/

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе