Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив

Документарниот филм „Џезмен“ на режисерот Аљоша Симјановски вечер ќе биде прикажан во кино „Одеон“ во Софија, а утревечер  и во Домот на киното во Пловдив. „Џезмен“ е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува новинарот Велибор Педевски.

Велибор Педевски

Како што соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија, на проекцијата во Софија, покрај режисерот Симјановски, ќе присуствуваат и продуцентот на филмот Љупчо Стојановски и извршниот продуцент Горан Цветковиќ, кои ќе го претстават филмот пред софиската публика.

Во филмот учествуваат: Велибор Педевски, Милчо Левиев, Вадада, Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Вајзелман, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета, Душан Која Коиќ. хс/са/ 

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе