„Приказна од зоолошката градина“ – премиера на Тетовскиот театар

Тетовскиот театар во соработка со Факултетот за уметност на Универзитетот во Тетово вечер од 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Приказна од зоолошката градина“ по текст на американскиот драматург Едвард Олби во режија на Гент Чајани.

Претставата е на албански јазик и ќе биде изведена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Улогите ги толкуваат Рахим Рамадани, Берат Махмути и Гранит Вела.

Приказната се одвива во градски парк каде што двајца мажи од различни класи се среќаваат случајно. Додека зборуваат, тие споделуваат приказни и сфаќаат колку им се различни животите.

„Делото ги поставува прашањата: Колку сме неспособни да го смениме контекстот на „туѓо“ во лицето на суровиот живот што го живееме од ден на ден? Што се случува кога ќе го изгубиме чувството за живот? Како можеме да добиеме слобода без да повредиме некого“, соопшти Тетовскиот театар за новата премиера.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе