во „Котур-кафе"

Прикажување на филмовите на Mилчо Манчевски од 8 до 14 март

Од 8 до 14 март во „Котур-кафе" ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма.

Неделата посветена на нашиот познат режисер е насловена „Филмска азбука – Милчо Манчевски“ и ќе почне задутре од 20 часот со проекција на петтиот негов филм „Бикини Мун“.

В недела, 10 март, од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Мајки“, а в понеделник во истиот термин „Сенки“.

На 13 март од 20 часот е проекцијата на краткиот филм „Крајот на времето“, по кој ќе биде прикажан играниот филм „Прашина“. На 14 март на програмата се краткиот „Четврток“ и филмот „Пред дождот“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе