На програмата на „Војдан Чернодрински"

Претставата „Пиреј“ ќе се одигра во Прилепскиот театар

На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите.

Промоцијата на театарска литература е во 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков", а од 19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" ќе ја одигра претставата „Пиреј" од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Веднаш по претставата  се разговорите на тркалезна маса и ќе биде соопштена оценката што ќе ѝ ја даде публиката на претставата.

Синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков" публиката ја виде претставата на Албански театар од Скопје „Смртта на Дантон" според Георг Бихнер во режија на Дино Мустафиќ. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе