Претставата „Бакхи-краток преглед на распадот” на Битолскиот театар, најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински"

Претставата на Битолскиот народен театар „Бакхи- краток преглед на распадот” според Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица, е најдобрата претстава во целина на годинашниов, 54. МТФ „Војдан Чернодрински”, соопшти денеска фестивалското жири во состав Бедија Беговска, претседател и членовите Љиљана Благојевиќ и Маја Вељковиќ. Претставата доби награда и за најдобрата режија, за режисерот Игор Вук Торбица. 

Актерката Марија Спиркоска Илијески ја освои наградата за најдобра главна женска улога, за улогата на Велика во претставата на прилепскиот театар „Пиреј”, а Александар Степанулески е добитник на наградата за најдобра машка улога во оваа претстава за улогата на Јон. Претставата „Пиреј” на Прилепскиот театар ја доби и наградата за најдобра музика и тоа за Димитар Андоновски.

Наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски” ја освои Гзим Жерка за улогата Сен-Жист во претставата на албанскиот театар „Смртта на Дантон”. Оваа претстава понесе уште две награди, награда  за најдобра кореографија и сценски движења и е за Ѓерѓ Превази, како и наградата за рекламен материјал за Нгадњим Мехмети.

Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е добитник на наградата за најдобра епизодна женска улога за улогата на Карлота во претставата „Странци” на Драмски театар од Скопје. Наградата за млад актер ја освои Симона Димковска  за ликовите во претставата „Физика на тагата” на Кумановскиот театар, а наградата за млад актер „Трајко Чоревски” – Тони Денковски за улогата на Горниот  во претставата „На отворено” на Театар Комедија од Скопје.

Добитник на наградата за современа сценска драматизација за претставата „Животинска фарма” на Струмичкиот театар е режисерот Љупчо Горѓиевски, а на наградата за најдобра сценографија Константин Трпеновски за сценографијата во претставата „Макбет” на МНТ. Оваа претстава ја доби и наградата за најдобра костимографија и и се доделува на Розе Трајчевска Ристовска. Годинава, наградата за текст не се доделува.

Наградите ќе бидат врачени вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков”, а ќе биде соопштено и која претстава е најдобра според гласањето на публиката која прв пат ќе додели награда. Со претставата во чест на наградените „Силјан Штркот шанца” од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаникиевиќ, а во изведба на МНТ ќе биде спуштена завесата на годинашниов 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

МИА

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе