Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Полска во земјава со поддршка на фондацијата „Барка", како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија", имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.
Пред почетокот на проекцијата на филмот ќе се обратат претставник на полската Амбасада, режисерот Небојша Јовановиќ, претседателката на здружението „Барка", Барбара Садовска, како и претставник на Амбасадата на Полска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.