Премиера на претставата Тирамису на Интимен театар од Битола

Tеатарската школа фабрика за мечти, при Интимен театар од Битола денеска и утре ќе има премиера на театарската претстава Тирамису од полската авторка Јоана Овшанко, а во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Интимен театар, со оваа претстава беше дел од Еразмус+ проектот „Иницијатива, инклузија, интеракција - современ театар за активни млади“, проект во кој учествуваа и театри од Србија, Полска, Германија и Швајцарија, а од 1 до 3 октомври Тирамису учествуваше и на завршниот фестивал од овај Еразмус + проект, во Белград, Република Србија.

Тирамиосу е претстава за современиот начин на живот на младите луѓе, што категорично решиле да имаат богата професионална кариера, поставувајќи го принципот на парите над сите други човечки вредности.

Во претставата играат: Ксенија Мано, Ангела Атанасовска, Ангела Караманди, Илијана Питошка, Нина Троковска, Катја Златевска и Андреа Николовска, а асистент на режија е Валентин Дамчевски.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе