Премиера на претставата „Народен непријател" во МНТ

Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, вечерва во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена преставата „Народен непријател" од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.

Претставата е дел од проектот „Патиштата на хероите" поддржан од програмата на „Креативна Европа", а во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

„Народен непријател" отвора важна дилема во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно, велат од МНТ.

Драматург на претставата е Тамара Барачков, преведувач на драмскиот текст е Маја Трајановска-Ивановска, сценографијата е на Вишња Вујовиќ. Костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, дизајнер на светло Крис Јегер, композитор е Јоргос Дусос, а кореографијата е на Карис Пекливанидис.

Улогите во претставата ги толкуваат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви, и Мартин Ѓоргоски.

Претставата ќе биде повторно изведена и на 10 мај, а билетите се достапни на веб-страницата на МНТ како и на билетарницата во Македонскиот народен театар. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе