Премиера на претставата „Малиџано“ во Битола

На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна претставата „Малиџано“, пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска.

Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, по прв пат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски.

„За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е слободен да ги изрази своите ставови, доживувања…и иако претставата нема комплицирана режија, самото дејствие придонесува за комплицирана естетика која верувам ќе и се допадне на публиката“, истакна актерот Дамчевски во пресрет на својот прв настап на театарската сцена.

Дамчевски ќе настапи заедно со искусните актерки и актери на битолскиот театар, односно со Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазија Христовска и Живко Борисовски.

Кореографијата во претставата ја подготви Кире Миладиноски, костимографијата е на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а сценогаф Драган Анѓелковиќ.

Театарската претстава „Малиџано“ е поддржана од Министерството за култура.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе