Премиера на претставата „Јас сум актер-човек“ на Теа Беговска

Утре во 20 часот во галеријата Колектив, премиерно ќе се изведе новата претстава „Јас сум актер-човек" на режисерката Теа Беговска, а во изведба на Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановскка, Даријан Петров. Автор на Музиката е Енес Беговски.

„Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Толку се сакам себе. Лажам. Се сакам себе толку колку да се рече дека се сакам себе. Лажам. Дека се сакам себе. Лажам. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер-човек или човек-актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театарски перформанс кој говори за тоа дека ништото доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што нè прави посебни секој сам за себе“, вели Беговска за претставата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе