МКЦ

Премиера на претставата „Хумана Приказна”

Во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, в сабота на 7 декември со почеток во 20 часот во МКЦ „Кино Фросина”, ќе се одржи премиера на претставата „Хумана Приказна”, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит медиа и во партнерство со Народниот правобранител.

Оваа претстава има за цел да даде позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на институциите, снабдувајќи ги со дополнителни информации, промовирајќи ја институцијата Народен правобранител првенствено пред младите луѓе и жените, зголемувајќи го присуството на Правобранителот во руралните подрачја и промовирајќи ги професионализмот, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на народниот правобранител што несомнено ќе значи нејзино придвижување кон поголема самостојност и кон стекнување на поголема доверба меѓу граѓаните.

Театарската уметност може да послужи како алатка за поврзување на Народниот правобранител со обичните луѓе. Користејќи театарски техники како што се дијалогот, персонификацијата, сценското прикажување на различни примери и ситуации, претставувањето на обете страни (злоупотребувачот и злоупотребениот), публиката има можност да проследи сцени од секојдневието, разни сценарија што на прв поглед може да изгледаат безизлезни ама, со оглед на надлежностите  на Правобранителот, тие сценарија на крајот ќе имаат среќна завршница.

„Во оваа претстава ликовите, колку од една страна може да се вистински и исцрпени од вистински случаеви, толку од друга страна сите тие ликови кои што ќе ги видиме на сцена нe’ претставуваат сите нас и тоа се ликови наши соседи, наши роднини, колеги,  ликови коишто сигурен сум ги познаваме од нашето секојдневие, а не би сакал да кажам дека некој од нас би можел и да се препознае во истите, за жал. По завршување на претставата публиката ќе има можност да биде дел од отворената дискусија со Народниот правобранител”, изјави режисерот Бесфорт Идризи.

Претставата е постмодерна, со фрагментарна структура што прикажува различни ситуации и состојби во кои учествуваат различни личности. Сценариото опфаќа некои од проблематичните области како што се: недискриминација и соодветна и рамноправна застапеност; затворски ситуации; здравствени прашања; работи поврзани со деца; деца и возрасни со посебни потреби; образование; социјални работи; полиција; урбанизам и градежништво; животна средина и многу други. Претставата исто така води сметка и за рамноправната родова застапеност; опфаќа сценарија и од урбаните и од руралните средини; претежно е ориентирана кон младината без да ги запоставува притоа постарите граѓани; прикажува сценарија со необразовани лица или лица што завршиле само основно образование.

Оваа претстава е тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќа македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, притоа покривајќи повеќе различни општини и региони. Влезот на претставата е бесплатен.

Караванот на претставата „Хумана Приказна” ќе опфати неколку градови низ Македонија. 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе