Премиера на „Најкратки драми на светот“ во МНТ, последна улога на Снежана Конеска Руси

Македонскиот народен театар вечер на Малата сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓоргиев, според истоимената збирка кратки пиеси објавена пред 20 години, приредена од театрологот Јован Ќирилов.

Од четириесетина пиеси од исто толку автори во антологијата издвоени се десет кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат заокружена сценска слика и пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век.

Темите што ги поврзуваат десетте кратки драми се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, минливоста на времето, општата состојба на апсурд.

„Секоја од овие пиеси „минијатури“ на Муза Павлова, Чехов, Хајнер Милер, Каринти, Фридман и други автори, од својата неконцизна основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата“, соопшти МНТ.

Во претставата играат актерите Снежана Коневски-Руси, Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски. Сценографијата е на Трајче Ѓоргиев и Татјана Блажевска-Христовска, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а изборот на музиката е на режисерот и драматургот Дарко Јан Спасов.

По вечерашната премиера, претставата репризно ќе биде изведена на  29 ноември.

Снежана Конеска Руси вечерва ќе ја одигра својата последна улога во претставата ,,Најкратките драми на светот” со која ќе го одбележи своето пензионирање.

Зад Руси има голем број на улоги во театарски претстави, а позната е и како филмска глумица и режисер. На јавноста и стана позната во далечната 1963 година, кога ги имаше своите почетоци на Детската радио драма во МРТ. Босилка Кочоска во „Ѕидот, водата“ на Живко Чинго, Девојката во „Димна Јуда град градила“, Ана во монодрамата „Ана Франк“, Агафја во гогољевата „Женидба“, Хава во мјузиклот „Свирач на покрив“, Нале во „Среќна нова 49“ се само дел од улогите кои ги одиграла Снежана Конеска Руси.

Во 2013 година таа одбележа јубилеј, 40 години на сцената и работење во театар центар во МНТ со улогата на Љубов Андреевна од „Вишновата градина“ на Чехов во режија на Трајче Ѓорѓиев.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе