Утре премиерно во „Милениум“

Премиера на филмот „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски

Во кино „Милениум" утревечер премиерно ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Година на мајмунот" по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм".

Новиот филм на Блажевски, со кој ќе биде отворен 21. Скопје филм фестивал, е црна комедија, копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во актерската екипа се и Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска, Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов. Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации низ Македонија. 

Главни протагонисти во филмот се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител во градината. Филмот е приказна за бегањето на Коко „од ропство во слобода“ поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун...

Се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка.

По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ од 20 април ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“, а светска премиера ќе има на 23 април на Московскиот меѓународен филмски фестивал. хс/са/14:15

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе