Во киното „Синеплекс"- Скопје

Премиера на долгометражниот филм „Незаборавна пролет во заборавено село“

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село", по сценарио и режија на Куштрим Бектеши, вечер во 19:30 часот ќе биде премиерно прикажан во киното „Синеплекс"- Скопје.

Од 11 април филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум“ и ќе продолжи да се прикажува две недели, секој ден од 17:30 часот и 22:00 часот.

Својата меѓународна премиера филмот ќе ја има на официјалната програма на Московскиот Меѓународен филмски фестивал, кој се одржува од 18 до 25 април.

Филмот е снимен во селото Ѓономаљ во Општина Корча (Албанија). Улогите во филмот ги толкуваат повеќе актери од Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија.

Филмот е во продукција на Мануфактура Продукција (Македонија) и Сашо Павловски, во копродукција со Медиа&Филм Продукција (Косово) и Мумин Јашари, Ска-ндал Продукција (Албанија) и Генц Пермети, и Скупифестивал (Македонија) со Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети. Филмот финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Центар за Кинематографија на Косово, Национален центар за кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска Радиотелевизија 2 и Радиотелевизија на Албанија.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петрович, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, дизајнер на звук Дарко Спасовски.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе