АЛДА

Практиките на „Театарот на угнетените“ ќе бидат презентирани во „Кино Култура“

По организираните настани во Суботица и Мостар, Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА, во соработка со Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива Скопје, организира серија културни активности во Скопје. Во рамки на овој настан ќе бидат одржани предавања, работилници и јавни изведби инспирирани од практиките на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал.

„Caravan Next“ е проект кој ги поврзува уметниците со локалната заедница и граѓаните преку мрежа од театарски организации и културни институции ширум Европа. Ќе бидат опфатени трите форми на „Театарот на угнетените“ со цел да се допре до секојдневниот живот на граѓаните каде постои јасна поделба на угнетувачи и угнетувани и на тој начин да им се „дадат“ алатки за борба на загрозените групи во општеството.

Програмата предвидува работилници и перформанси кои ќе се преточат во „Форум театар“, „Невидлив театар“ и „Сликовен театар“ и ќе се одвиваат од 14 до 18 март во Скопје.

Активности што се отворени за поширока јавност се предавањето на проф. Зоја Бузалковска (Кино Култура) за „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал. Проф. Зоја Бузалковска е редовен професор по Актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје, театарски режисер и новинар, а предавањето ќе се одржи на 14 март од 18 до 19.30 часот.

На 18 март од 18 до 20 часот во „Кино Култура“ ќе се одржи „Форум театар“, театарска игра во која проблемот е покажан во една нерешена форма, гледачите постануваат „глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија. Проблемот е секогаш симптом на угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. Играта е форма на натпревар помеѓу глед-актерите кои се обидуваат да ѝ дадат поинаков крај на претставата.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе