Како се делат парите за култура?

Повторно незадоволство од тоа како Агенцијата за филм ги дели парите

Продуцентска куќа Галактика пикчрс смета дека резултатите од конкурсот за финансирање на играни филмови на Агенцијата за филм е скандалозно. И годинава, како и лани, добитник на пари за снимање на документарен филм е новинарот Борјан Јовановски, кој овојпат се јавува како сценарист.

И по последниот конкурс за финансирање на производство на долгометражен, краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2019 на Агенцијата за филм има незадоволство меѓу културните работници. Овојпат реагира Бунјамин Куртиши од продуцентската куќа Галактика пикчрс кој вели дека одолговлекувањето на објавување на резултатите остава простор за сомневање за злоупотреба.

Еве што на својот фејсбук-профил напиша Куртиши:

„Се жалат дека немаат пари. И во овој конкурс има голем број на апликанти за долгометражен филм, а има само еден победник. Исто така на овој конкурс пари му се дадени и на продукцијата која за 11 години од оваа институција има добиено 3,2 милиони евра (продукциите и тие што се занимаваат со производство на филм во нашата земја, знаат за која продукција се работи).

На овој конкурс аплицираа повеќе албански продукции и автори за долгометражен филм, но нема ниту еден победник. Одолговлекувањето на објавување на резултатите остава простор за сомневања за злоупотреба.

Галактика пикчрс ќе побара одговор за сите детали на конкурсот, за победниците и начинот на одлучување“, напиша Куртиши.

Годинава за долгометражен филм со мнозински македонски удел 34,8 милиони денари доби филмот на Васил Христов „Вечерен акт“ (продуцент Кино око), за игран филм со малцински македонски удел добија филмовите, на Сектор филм „Ноќен квартет“ на Винко Модерндофер (2,8 милиони денари), „Празник на трудот“ на Систер и брадер Митевски (4 милиони денари), филмот „Скајп“ на Пигменто студио (2,6 милиони денари), „По тамбурите“ на продуцентот Круг филм (3,7 милиони денари) и „Молк на сирените“ на продуцентот Скопје филм студио (3 милиони денари).

За дебитантски долгометражен документарен филм со мнозински удел меѓу другите доби насловот „Кодот на Преспа“ на продуцентот Стримон филм, во режија на Николче Поповски и сценарио на Борјан Јовановски.  

Лани компанијата „Евро вижн“ доби 5,2 милиони денари од Агенцијата за филм за проект на Борјан Јовановски.

Тогаш пари од Агенцијата за филм доби и компанија OХО која го ангажирала Сашо Орданоски како главен сценарист. За овој проект биле одобрени 8 милиони денари.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе