„Последната лента на Крап“ во МНТ во рамки на „Скопско лето“

Во рамки на програмата на „Скопско лето“, вечер на малата сцена на МНТ ќе се одржи театарската претстава „Последната лента на Крап“.

Според професорот Гоце Смилевски од Иститутот за македонска книжевност – Скопје, оваа претстава ни покажа колку е важен живиот и отворен разговор за уметноста денес и како се преплетуваат уметничката креација и човечката егзистенција.

„Можноста која ја имавме ние, гледачите, да поразговараме со актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски непосредно по изведбата на неговата (и Бекетова) претстава „Последната лента на Крап“ во Македонскиот народен театар, ни покажа колку е важен живиот и отворен разговор за уметноста денес и како се преплетуваат уметничката креација и човечката егзистенција“, изјави писателот Гоце Смилевски, по изведбата на монодрамата на Јолевски.

Исто така, вечер во рамки на фестивалот ќе се одржи концерт на хорот на Национална опера и балет, под Ѕвездено небо – влезот пред Национална опера и балет.

Диригент е Јасмина Ѓорѓеска, а солисти се Невен Силјановски, Ана Ројдева, Никола Стојчески и Мартина Аврамовска.

Утре пак, ќе биде отворена изложбата на Пол Ванг од САД со наслов „Природа во математиката“. Изложбата ќе биде отворена во галеријата Ко-Ра, и е во соработка со ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе