После двомесечни протести, струмичките актери побараа оставка од министерката Стефоска

Струмичките актери на одбележувањето на Светскиот ден на театарот побараа оставка од министерката за култура Ирена Стефоска бидејќи цели два месеца не реагирала за изборот на Васил Бубев за директор на струмичкиот Центар за култура. Актерите велат дека министерката се обидувала да го одбрани донесеното решение кое не оди во прилог на театарот во Струмица.

„Министерката не смееше да избира и да поставува партиски директори на институциите од културата, па бил тоа избор и на самиот премиер. Изборот на директори уште понагласено продолжува да се прави по партиски клуч и тоа не се однесува само на НУЦК „Антон Панов“ Струмица. Министерката се стави во одбрана на партизацијата и корупцијата и не ги почитува ниту стратешките принципи на министерството, ниту професионалните, ниту етичките начела, затоа бараме итна и неотповиклива оставка на функцијата“, рече актерката Оливера Аризанова Монсбарт.

Министерството за култура остана на ставот дека единствено Васил Бубев ги исполнил правно формалните услови по распишаниот конкурс за директор на НУЦК „Антон Панов“.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе