За денес, 24 и 25 ноември

Поради деновите на жалост за трагедијата во Бугарија, МНТ ги откажува претставите

Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи денес, и поради која 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост, Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека ги откажува претставите закажани за овие денови. 

„Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот" во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември 2021 г. се откажуваат.Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани“, соопштуваат од МНТ. 

Македонски народен театар изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе