Реакција

Поддршка од претседателот на ДФРМ за Горјан Тозија

Филмот е рефлексија на случувањата во општеството. Дневно-политичките случувања можеби не влијаат директно на авторите и нивната авторска визија, но сепак и тоа како политиката допира до нас, преку поддршка или отсуство на поддршка, преку фаворизирање на селектирани поединци, преку репресија на мислата или давање услови таа да се искажува слободно, преку негување на систем на вредности или нивно рушење, се вели во писмото на Игор Иванов – Изи, режисер и претседател на Друштвото на филмските работници за поддршка на Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

А филмот за да може да се развива бара пред сè услови, од кои првиот е слободата, бара интелект и знаење за да биде препознаен, бара искуство, транспарентност, етика, почитување на законот и правилата, пишани и непишани.

Сведок сум на скорешниот политички обоен, таргетиран напад на првиот човек на Агенцијата за филм – Горјан Тозија, што за мене претставува и напад на самата Агенција за филм, што во крајна линија, по најуспешната година во историјата на македонскиот филм значи и напад на македонската кинематографија. Јас и Тозија се согласуваме за многу работи поврзани со филмот и филмскиот работник. Понекогаш и не се согласуваме, сме имале спротивставени ставови и јавни несогласувања.

Сепак тука не можам, а да не ја искажам поддршката кон него и неговите заложби за унапредување на дејноста и да се спротивставам на сите оркестрирани и предизборно мотивирани напади кон него. Апелирам да не се потпаѓа под повеќе од очигледно нарачаниот и фокусиран притисок кој што се упатува кон Горјан Тозија, а наместо тоа, ги потсетувам институциите да се позанимаваат со случаите каков што е финансирањето на ТВ серијата “Македонија”, платените, а никогаш реализирани филмски проекти, процедурите по кои во минатото биле доделувани средства под политички диктат и вон сите критериуми.

Агенцијата за филм, налик на европските фондови треба да претставува независно тело, одвоено од Владата и Министерството за култура, негувајќи независност од политиката, како основен предуслов за создавање современ европски филм“, нашиша Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските работници.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе