Почнува месецот на Франкофонијата, денеска во Кинотека филмот „Совршената дадилка“

Во Кинотеката на Македонија вечерва премиерно ќе биде прикажан филмот „Совршената дадилка", со кој и ќе биде отворен Месецот на Франкофонијата.

Овој настан е во организација на Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Северна Македонија.

Главните улоги во овој филм ги толкуваат Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард.Филмот е со превод на македонски јазик.

Се работи за екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани, за којшто авторката, во 2016 година, ја доби Гонкуровата награда, а е во режија на Лиси Борлето (2019, 1h40). Еден особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен. Филмот совршено ги отсликува стравовите на модерното време“ (критика на магазинот Трансфуж), додека неделникот Ле Поен ќе напише „брилијантен и истовремено застрашувачки“, информираат од Францускиот институт во Скопје.

Пред проекцијата, ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на истоимениот роман од страна на издавачот „Антолог“, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз, во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе