Почнува детскиот театарски фестивал „Битолино“

Во Битола денеска почнува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ кој годинава се одржува под мотото „Per astera ad astra“ или „Патот до ѕвездите е трнлив“.

Фестивалот за прв пат ќе се одржи во нов формат односно претставите ќе се одиграат под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом, дел од „Културен и информативен центар“ во Битола. Фестивалот е во организација на „Бабец театар“ а од оваа година е дел од Годишната програма за култура на Општина Битола и ќе се реализира во рамки на програмата на Битфест 2022.

На првиот ден од фестивалот ќе се одржи театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена и ќе претставува експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот, соопштија организаторите на „Битолино“. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе