Почнува 14. издание на „Скупи фестивал“

 Во Куршумли Ан во скопската чаршија вечер почнува 14-тото издание на „Скупи фестивал“. Фестивалот завршува на 22 септември 2020.

Фестивалот, како што соопштија организаторите, нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фестивалот се состои од претстави, каде што новите тенденции во театарот не се единствено уметничка цел, туку се одвиваат и заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања. Сите претстави се со почеток од 20 часот.

„Структурата на програмата на Фестивалот се состои од официјална и придружна програма. Во официјалната програма, професионални, независни, алтернативни театри, имаат можност рамноправно да се натпреваруваат, како што е Театар Миѓени од Скадар, Албанија со преставата „Црна кутија”, Српски народен Театар со „Граматичко нарушување”, од Сараево, Босна и Херцеговина ни доаѓа „Целата моја љубов” на Сараевски Воен Театар, од Косовски Национален Театар „Будење на пролетта”, Спам Студио од Софија, Бугарија со преставата „Кокошка”, Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска со преставата „Златна лопата” и на крај преставата „Дел од колекција” од Театар Вагабонди од Софија, Бугарија“, појаснуваат организаторите.

Како што беше и досега фестивалот има напреварувачки карактер, а за оваа едиција ќе бидат задолжени актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.

МТФ „Скупи фестивал“ неизмерно се заблагодарува на своите подржувачи, меѓу кои, Министерството за култура, Град Скопје, Куршумли Ан Скопска Чаршија, се наведува во соопштението. 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе