во кино „Култура"

Почнува 12-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски"

Со проектот „Како се прави човек" на режисерката Хана Миленковска во четврток во кино „Култура" ќе почне 12-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски".

На програмата се вкупно шест претстави, меѓу кои „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на Пинокио, Ти не си еден од нас“ на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, интерактивниот перформанс „Јас сум актер – човек“ на режисерката Теа Беговска, „Соништата на Хамлет“ на актерот и режисер Ментор Зимберај од Косово и претставата „Дневникот на лудиот“ во изведба на Бобан Алексоски, а во режија на Ѓорѓи Ризерски.

„Годинава, иако без поддршка од Министерството за култура, а со финансиска инекција од Град Скопје, скромно и достоинствено ја продолжуваме мисијата на интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски”, а тоа е промоција и афирмација на независното театарско творештво. Среќни сме што годинава програмата нуди нови кратки форми на театарско изразување, а со тоа ќе промовираме и нови сценски простори во градот Скопје. Покрај познатите локации МОБ, кино Култура, пријатели на фестивалот од годинава се и галеријата „Колектив” и театарот “Сенки и облаци”“, вели директорот на фестивалот Миодраг Костиќ.

Претставите ќе ги оценува жири комисија во состав Бојан Трифуновски-режисер, Ивана Настеска-новинар/критичар и актерот Мики Анчевски, кои ќе одлучуваат за трите фестивалски награди – Гранд при за најдобра претстава, награда за најдобра режија и награда за најдобро актерско остварување.

Фестивалот е во организација на независниот „ТЕАТАР 007“ и Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Визулениот идентитет на фестивалот е авторско дело на Марјан Ѕингаров Ѕин.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе