Почна снимањето на краткиот филм „Вера“ на Верица Недеска

Режисерката и актерка Верица Недеска почна да го снима краткиот филм „Вера", по нејзино сценарио. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и е копродукција помеѓу „Стори скоп", „Фокус покус филмс" и филмската академија ФИОФА од Охрид. Продуцент е Дарко Попов.

Недеска дипломираше актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрираше на отсекот за сценарио на филмската школа ФАМУ во Прага. Позната е по театарските и филмски улоги, како во „Поинаку“,„Караула“, „Балканкан“, „Големата вода“, „Медена ноќ“ и „Трето полувреме“. Изминативе години живее и работи во Прага, со сопругот, режисерот Иво Трајков.

„Филмот е за младата девојка Ника, која се наоѓа пред голема дилема: дали да го роди бебето кое го носи или не? Да даде или да земе живот. Тој ден ја среќава и заборавената актерка Вера, која сака да умре. Приказната на филмот отвора едно силно морално прашање за евтаназијата, како и прашањето за преземање одговорност како индивидуа“, велат продуцентите.

Главните улоги ги играат Сабина Ајрула и Симона Димковска, покрај Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева, Ристо Стефановски и Недеска.

Кастингот на филмот го направи Драгана Милошевска-Попова, кинематографер е Димо Попов, Жаклина Крстевска е костимограф, Анастасија Јордановска – шминка, Дејан Спасовиќ – сценограф и Гоце Миланоски – монтажер.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе