Почна МакеДокс

Првата вечер на фестивалот „МакеДокс" беше посветена на ентузијастичката екипа која веќе десет години верува дека филмската уметност навистина може да го промени светот кон подобро.

 

Посвета беше дадена и на неодамна починатиот професор Стефан Сидовски, кој неуморно ги следеше светлосните траги на филмското платно, а беше редовен гостин на „МакеДокс“ од неговото прво издание во 2010 година. Екипата на „МакеДокс“ со високо подигнат кромид во рацете упати и огромна благодарност до публиката, која од година во година сѐ почесто го исполнува Куршумли-ан до последното столче.

Десетолетката почна со „Мизерикордија“ на Ксавиер Марадес и „И сѐ стана песна“ на Шејмус Марфи, а до доцна во ноќта Куршумли-ан го исполнуваше звукот на музиката на Џон Периш и Марта Колика, со Џорџа Поли како специјална гостинка.

Почетокот на вториот ден на фестивалот го означи работилницата „Идеи преку граници“ со Јана Цисар, која од денеска до 24 август во Даут Пашин Амам ќе биде фокусирана на филмската копродукција.

Вечерната програма ќе биде отворена со изложбата „Љубените. Сеќавање на еден заеднички живот“, 12 портрети од Билјана Гарванлиева (1973-2016) и Мануел Цимер, направени со дигиталниот метод на т.н. „проширена реалност“. Портретите се тестамент на нивната љубов во време на прераната смрт на Билјана. Изложбата е поставена во Чифте амам.

На платото пред Куршумли-ан во 20.30 часот ќе се одржи светската премиера на документарецот „Тетовски самрак“ (Северна Македонија / Германија / 2019 / 65’), кој е последниот филм на Гарванлиева, а го доврши нејзиниот сопруг Цимер.

Со филмот „Ѕидот“ (Германска Демократска Република/ 1990/ 99’) на Јирген Бучер во Курчумли-ан, во 21 часот, ќе биде отворена програмата Земја во фокус – Германија. Станува збор за живописна приказна за Берлинскиот ѕид поставен среде градот, околу Постдамер плац и Бранденбуршката порта, а срушен од народот пред точно 30 години.

Во ноќниот термин ќе бидат прикажани краткиот документарец „Ќе го убиев Клаус Кински“ (Колумбија/ 2016/ 21’) на Спирос Статулопулос, а веднаш по него и „Го сретнав Горбачов“ (Германија, Велика Британија, САД/ 2018/ 90’) во режија на Вернер Херцог и Андре Сингер за поранешниот советски и руски политичар Михаил Горбачов.

Јубилејното издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон (НЕД), Институт „Јунус Емре“, Музеј на РСМ, Археолошки музеј на РСМ, Национална галерија, МНТ, Гете-институт, Француски институт во Скопје, Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Италијанска амбасада во Скопје, Амбасада на Република Чешка во Скопје, Чешки центар Софија, Град Скопје, Амбасада на Република Словенија Скопје, Current Time TV.

Партнери на „МакеДокс“ се „Петра Пан“, „Кино Култура“, МКЦ и Кинотека.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе