Легендарниот француски глумец

Почина Жан Пол Белмондо

Ѕвездата на францускиот Нов бран, Жан-Пол Белмондо, можеби најпознат по улогите во „До последен здив“ и „Професионалецот“, почина на 88-годишна возраст, изјави неговиот адвокат за АФП. Неговата здравствена состојба подолго време не била добра, откако доживеа мозочен удар во 2001 година.

Фото: ЕПА

Белмондо - наречен Бебел од француската публика - стана една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон.

Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.

Претпочиташе да се концентрира на француската кинематографија, проширувајќи ја врската со Годар со „Жена си е жена“ во 1961 година, и развивајќи друга со Жан-Пјер Мелвил, омилен кај критичарите на Новиот бран, кој имаше камео-улога во „Без здив“.

Белмондо ги специјализира улогите на гангстери и никаквеци, иако постигна голем хит во 1962 година со Картуш, играјќи префинет мечувалец од 18 век, со Клаудија Кардинале.

Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградие на Париз.

Улогата на ситниот гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ ќе го вивне во ѕвездите.

Во текот на 1960-тите и 1970-тите години, името на Белмондо беше гаранција за успех на филмот.

Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе