Жална вест

Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ

Прославениот српски сценарист и драмски писател, Гордан Михиќ почина на 11 август на 80-годишна возраст. Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ. Гордан Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување.

Гордан Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии на југословенската и српска кинематографија, меѓу кои се: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Лажливо лето’68“, „Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“ како и македонскиот филм на режисерот Столе Попов, „Среќна Нова 49“, за кој во 1986 година ја доби Златната арена на филмскиот фестивал во Пула.

Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес кон српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека.

При доделувањето на оваа награда во 2013 година, тој истакнал дека за него Кинотеката била еден вид мајка.

„На мојата генерација Кинотеката ѝ беше единствената училница“, рече тогаш Михиќ, додавајќи дека благодарение на Југословенската кинотека, учел од такви великани какви што се Виторио де Сика, Џон Форд, Акира Куросава, Луис Буњуел...

Тој беше во брак со актерката Вера Чукиќ, со која ја има ќерката Ивана.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе