Холивудската легенда

Почина Кирк Даглас на 103 години

Актерот Кирк Даглас, филмската легенда со шестдецениска кариера, почина на 103 години.

Овој театарски и филмски глумец беше добро познат по низа улоги, меѓу кои и во класичниот Спартак од 1960 година, во кој ја играше главната улога.

Роден во Њујорк во 1916 г., стана славен во холивудската „златна ера“, добивајќи ја својата прва номинација за Оскар во 1949 за боксерската приказна „Шампион“.

Тој му беше татко на оскаровецот Мајкл Даглас.

„Со огромна тага моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас денеска нè напушти“, напиша Мајкл во соопштението.

„За светот тој беше легенда, актер од златната ера на филмовите... но за мене и за моите браќа Џоел и Питер тој беше едноставно Тато“, вели тој.

„Дозволете ми да завршам со зборовите што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистина. Тато - толку многу те сакам и горд сум што сум твој син“.

Сопругата на Мајкл и снаа на Кирк, велшката актерка Кетрин Зита Џонс, објави фотографија од нив двајца заедно и напиша: „Ќе те сакам до крајот на мојот живот. Веќе ми недостигаш. Спиј мирно...“.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе