Жална вест

Почина Кирил Ценевски, авторот на култниот игран филм „Црно семе“

Македонскиот филмски режисер и сценарист Кирил Ценевски почина денеска на 76 годишна возраст во Скопје, соопшти Кинотеката на Македонија. Ценевски е автор на култниот игран филм „Црно семе“.

„Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм ’Црно семе’ ги освои не само најважните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали“, велат од Кинотеката.

Ценевски е роден во Крива Паланка, на 28 јануари 1943. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занима уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот„Цената на градот“ во 1970. Во 1971 Ценевски го режира филмот „Црно семе“ за кој ја добива Златната арена за режија на најголемиот југословенски филмски фестивал во Пула.  Ценевски го доби и Златниот венец за најуспешен деби, наградата „11 Октомври“, југословенски кандидат за Оскар...

Кинотеката во март годинава го промовираше ДВД изданието со дигитално реставрираните играни филмови на Ценевски. Меѓу бројните гости, на настанот присуствуваа и актерите од неговиот последен игран филм „Јазол“, Костадинка Велковска и Лазар Ристовски.

Добитник е на наградата „Златен објектив“ за 2013 која Кинотеката ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија, а истата година е и првиот добитник на наградата Големата ѕвезда на македонскиот филм што ја воспостави Друштвото на филмските работници

Ценевски е режисер и на играните филмови „Јад“ (1975), „Оловна бригада“ (1980) и „Јазол“ (1985).

По неговиот последен филм, „Јазол“, Ценевски повеќе од три децении не режираше и не се занимаваше со филмографија. 

Погребот ќе биде утре на Градските гробишта во Бутел од 11 часот.

Од Друштвото на филмски работници најавуваат дека во следниот период ќе организираат настан за одбележување на ликот и делото на Ценевски.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе