Синоќа во Букурешт

Почина Јон Карамитру, балканската театарска легенда

Синоќа во Букурешт,по кратко боледување, почина Јон Карамитру (79), балканската театарска легенда, прв министер за култура на Романија по падот на Чаушеску, соопшти Светската академија на хуманизмот од Охрид. Неговата исклучително богата театарска и филмска биографија, како актер и режисер, ќе остане во аналите на европеизацијата на Балканот, бидејќи на негова иницијатива беше формирана театарската мрежа НЕТА, во непосредна соработка со поранешниот министер за култура на Македонија Благој Стефановски и поранешниот министер за култура на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ – Жага.

По крвавите војни на просторите на бивша Југославија, во НЕТА влегоа 67 професионални театри, не само од Југославија, туку од сите балкански земји, остварувајќи го сонот дека „Балканот е срцето на Европа".

Неговата поврзаност со Македонија остави неизбришливи траги со неговите режисерски креации во Народниот театар во Битола и поголем број претстави на "Охридско Лето".

Тој претседаваше со симпозиумот „Хамлет во историјата на Европа и на Балканот", кога во Скопје ги собра сите големи актери од Балканот што го играле Хамлет и непосредно по тој настан беше прогласен за Doctor Honoris Causa на универзитетот Еуропа Прима.

Покрај тоа, Карамитру го понесе и признанието за животно дело „Актер на Европа" во Преспа 2016, а на Фестивалите на Југоисточна во Париз и во Берлин, истата година беше прогласен за „Актер на Југоисточна Европа".

Неговата балканофилија и приврзаноста кон единството на Европа беше крунисана на 29 Октомври 2017 година, во Националниот театар на Романија во Букурешт, кадешто тој беше долгогодишен директор, беше формирана Академија балканика еуропеана, која собра триесеттина врвни уметници од десет балкански земји и која оствари голем број на проекти, афирмирајќи ја балканската култура во европските центри, посебно низ веб-ревијата „Мостови".

В.М.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе