Почина чешкиот оскаровец Јиржи Менцел

Познатиот чешки режисер и глумец Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст, објави вчера неговата сопруга Олга на Фејсбук.

Менцел беше познат по филмовите кои комбинираа хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативна сатира. Тој беше важен дел од чешкиот „нов бран“.

Неговиот филм „Строго контролирани возови“ 1966 година го освои Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а комедијата „Моето мало село“ од 1985 година беше номинирана во истата категорија.

Како режисер се потпиша зад 29 продукции, а глумел во 80 филмски и ТВ-проекти

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе