Почина актерот Љуран Ахмети како последица од коронавирусот

Меѓународно реномираниот актер, Љуран Ахмети, почина на 46-годишна возраст како последица на коронавирусот.

Ахмети беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии.

Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава" како и едни од главните улоги во сериите „Kurtlar Vadisi – Pusu", „Mutlu Ol Yeter", „Guzel Gunler", „Son Yaz Balkanlar", „Bahar Dallari", „Limonata"...

Љуран Ахмети е син на познат писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители. 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе