По две години пауза повторно ИФАД „Стоби 2021“

Во археолошкиот локалитет „Стоби" од 3 до 17 август, по две години пауза, ќе се одржи 18. по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби", на кој освен од земјава ќе има и по еден театарски ансамбл од Австрија и еден од Босна и Херцеговина во копродукција со македонски театар.

Освен претстави ќе има и промоција на публикации од претставите и проекција на документарни филмови на паркингот на велешкиот театар. Организацијата на фестивалот, со одлука на Советот на Општина Велес е префрлена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинв Џинот" Велес.

Свеченото отворање е на 3 август во 21 часот на просторот на Теодосијанската палата во Стоби, со премиера на претставата „Орестија", копродукција на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" и Националната опера и балет од Скопје, за чија реализација се потрошени 1,2 милиони денари.

„Министерството за култура го финансира фестивалот со 1 милион денари, а со 300 илјади денари Општина Велес. Од поголемите спонзори се „Дрекслермаер" и „Маркарт", хотел „Интернационал", „Божиновски" и други“, информира на денешниот прес в.д директорот на велешкиот театар Сашо Димоски.

Како и досега, на фестивалот ќе се доделат наградите „Гран при" за најдобра претстава, награда за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија. Наместо статуетките, спонзорот „Божиновски" за сите наградени ќе додели по еден дијамант. Жирито на фестивалот ќе го сочинуваат Васил Зафирчев, Роза Трајчевска и Кети Борисовска.

Поради пандемијата бројот на публиката на претставата во Стоби ќе биде 200 гледачи со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, а во салата на велешкиот театар капацитетот ќе биде исполнет 30 проценти. Билети може да се резервираат и купат на билетарата на театарот.

„Организиран автобуски превоз како во изминатите години за Стоби годинава ќе нема“, појаснија организаторите. 


 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе