По девет години Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици"

Слободан Унковски со режија на претставата „Сите сме птици", по текст на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, се враќа во МНТ, соопштија од оваа национална установа. „Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во МНТ", велат од установата. Премиерата на претставата „Сите сме птици" се очекува со почетокот на новата театарска сезона.

„Унковски ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме. Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сѐ она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна...

Во претставата ќе игра веќе докажана актерска екипа: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други“, се вели во соопштението на МНТ.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

Унковски во изминатите децении на сцената на Македонскиот народен театар ги постави претставите кои уште долго ќе се паметат: „Јунона и паунот" (1971), „Среќна нова '49" (1985), „Ништо без Трифолио" (1986), „Гнев божји" (1990), „Црнила 005" (2005) и „Изгубени Германци" (2013).

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе