Летен фестивал

„Петрунија“ и „Џган“ на Школка во Градски парк

Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland" кој се одржува под покровителство на град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма.

Од 21 часот вечер е новиот филм на Теона Стругар-Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а утре од 21.30 часот ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“. Проекциите на отворено се бесплатни и ги организираат Младинскиот културен центар и кино „Милениум“.

Минатата година во јуни скопјани имаа можност на отворено да ги видат  „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески и документарецот „Avec l’amour“ на Илија Цветковски, а во септември беа прикажани и „Ирационален човек“ на Вуди Ален  и „Големата убавина“ на Паоло Сорентино.

„Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овојпат ветуваат забавни вечери на отворено, со добри филмови. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци“, соопшти град Скопје.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе