По повод 4 Ноември

Петар Мирчевски во Битола ја доби наградата за животно дело

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска вечерва на актерот Петар Мирчевски му ја врачи наградата за животно дело која традиционално се доделува на празникот на градот, 4 Ноември.

Свеченоста се одржа во новиот, реконструиран импозантен објект, Офицерски дом во Битола кој по долго време вечерва ги отвори вратите на посетителите.

„Битолчани од денес го имаат својот објект, Офицерскиот дом кој постојано ќе биде отворен. Ова е почеток на нови бројни настани, а првиот беше посветен на добитникот на наградата за животно дело, актерот Петар Мирчевски. Со овој настан се става печат на мојот мандат, бев посветена за овој објект и еве Офицерскиот дом го отворивме на празникот на градот“, рече меѓудругото Петровска.

Наградата за животно дело е големо признание и затоа се поклонувам на публиката, се поклонувам на битолчани, посочи актерот Петар Мирчевски.

„Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик да го промовирам мојот матичен театар, мојот град и мојата земја. Благодарам на публиката која секогаш ме поддржува и мотивира. Ви се поклонувам“, рече Мирчевски.

Празникот на градот го честита и новоизбраниот градоначалник на Битола Тони Коњановски.

„Сакам посреќна Битола и затоа ќе работам на тоа да се врати насмевката на битолчани. Прекрасен е Офицерскиот дом и ние ќе се грижиме за правилна намена и програмски да живее и функционира овој објект“, истакна Коњановски.

Празничната програма по повод 4 Ноември Денот на ослободувањето на Битола продолжува денеска претпладне со полагање цвеќе на партизанските гробишта и средба на градоначалничката Петровска со претставници на Сојузот на борците од тој град.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе