Во организација на Институтот Гете

Пет германски филмови за деца и млади на осмиот „Буф“ во Кинотека

Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф".

Ќе бидат прикажани пет германски филмови за деца и млади: „Џим Копче и Лукас машиновозачот“;„Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“; „Венди 2 – пријателство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“. Проекциите се со превод на македонски и на албански јазик.

„Како и претходните години, и оваа година изгледавме многу филмови за да можеме да ви ги прикажеме најдобрите и најактуелните. Се надеваме дека за секого ќе има по нешто возбудливо, емоционално, поучно и забавно“, соопштија организаторите на осмиот „Буф“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе