Перформансот „Човековиот срам“ вечер во Младинскиот културен центар

На четвртиот ден од Млад отворен театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде изведен танцовиот перформанс од Италија „Човековиот срам“, резултат од проектот „Поетиката на срамот“ во копродукција на „Reteteatro41“ и Фондацијата „Матера 2019“. Премиерно беше изведен во март во Матера – италијанскиот град кој годинава ја носи титулата Европска престолнина на културата.

Во режија на Силвија Грибауди и Матео Мафесанти, перформансот го истражува срамот, индивидуалниот и колективниот, преку драмска конструкција раскажаната од телото.  Во петчлената интернационална екипа е и нашата актерка Симона Спировска од театар „Артопија“.

Пред половина век Матера бил „град на срамот“ поради екстремната сиромаштија и, меѓу другото, тоа било и инспирација за овој проект. Според актерката Спировска, проектот е инспириран од трансформацијата на Матера од срам на Италија во европски град на културата, односно од неговото издигнување од сопствениот срам, претворајќи го во  гордост.

МОТ ќе продолжи утре со хрватската претстава „Младина без бог“ од 20 часот во МКЦ, а потоа со претставата „Бакхи“ на Битолскиот театар од 22 часот на малата сцена на Националната опера и балет. Утре ќе биде организиран и првиот настан од придружната програма на МОТ – работилницата за специфична локација „Orbis pictus – Оди и види“ која од 18 часот ќе се одржи во Железничката зграда.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе