„Паразит“ е првиот странски филм што освои Оскар за најдобар филм

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ на режисерот Бон Џун-хо рано утрово ја освои главната награда на американската Академија за филмска уметност и наука за најдобар филм.

Ова е првпат во 92 години филм од неанглиско говорно подрачје да ја освои наградата во главната категорија.

Во таа категорија беа номинирани „Форд против Ферари“, „Ирецот“, „Џоџо рабит“, „Џокер“, „Мали жени“, „Брачна приказна“, „1917“ и „Беше еднаш... во Холивуд“. 

Претходно, Бонг ја освои наградата на Академијата за најдобар режисер, а неговиот филм го доби и Оскарот за најдобар странски филм и за најдобро оригинално сценарио.

Филмот е сурова социјална сатира за две семејства од различни класи во Сеул - едно што живее во сиромаштија во полуподрум и богато семејство што живее во голем дом.

„Ќе пијам до утре сабајле“, рече среќниот Бонг.

Хоакин Финикс и Рене Зелвегер ги освоија Оскарите за најдобар актер и актерка.

Финикс ја доби наградата за глумата во „Џокер“, а Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“.

Двајцата беа фаворити во тие категории, а за најдобар глумец покрај Финикс се натпреваруваа и Антонио Бандерас, Леонардо Дикаприо, Адам Драјвер и Џонатан Прајс. Во трката за најдобра глумица беа Синтија Ериво за „Хариет“, Серше Ронан за „Мали жени“, Скарлет Јохансон за „Брачна приказна“ и Шарлиз Терон за „Скандали“.

На 2 февруари Финикс и Зелвегер ја добија наградата БАФТА за најдобар актер и актерка во истите филмови, со што станаа фаворити за Оскар.

Бред Пит освои Оскар за најдобра машка споредна улога за „Беше еднаш... во Холивуд“.

Ова е прв Оскар за Пит како актер.

Покрај него, во таа категорија беа номинирани Том Хенкс, Ал Пачино, Џо Пеши и Ентони Хопкинс.

 

Список на главните добитници на Оскар

- Најдобар филм: „Паразит“ на Бон Џун-хо

- Најдобар режисер: „Паразит“ на Бон Џун-хо

- Најдобар актер: Хоакин Финикс за „Џокер“

- Најдобра актерка: Рене Зелвегер за „Џуди“

- Најдобра машка споредна улога: Бред Пит за „Беше еднаш... во Холивуд“

- Најдобра женска споредна улога: Лора Дерн за „Брачна приказна“

- Најдобар странски филм: „Паразит“, Јужна Кореја

- Најдобар документарен филм: „Американска фабрика“ во продукција на Барак и Мишел Обама

- Најдобар анимиран филм: „Приказна за играчките 4“

- Најдобро оригинално сценарио: „Паразит“

- Најдобро адаптирано сценарио: „Џоџо рабит“

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе